Top Sport

Ла Лига го затвори стадионот на Рајо Ваљекано

Раководството на Ла Лига реши времено да го затвори стадионот „Ваљекас“, фудбалскиот дом на Рајо Ваљекано.

Тимот од Мадрид, по две сезони минати во Сегунда се врати во најсилната шпанска лига, а мечот од првото коло, против Севилја, го обележа инцидентот кој за среќа минал без посериозни последици.

Иако клубот избори промоција во Ла Лига, челниците не успеале до крај да ја завршат реконструкцијата. По дуелот со Севилја, едно дете паднало од недовршената трибина во градежниот отпад.

За среќа детето, кое на натпреварот било со својот татко, минало само со неколку гребаници.

По инцидентот, таткото на детето и уште многу другу навивачи на клубот, поставиле фотографии на социјалните мрежи за да покажат во каква состојба се наоѓа стадионот „Ваљекас“.

Врз стадионот ќе мора да биде извршена дополнителна реконструкција, која според шпанските медиуми нема да биде завршена пред 15.октомври. Цената на реконструкцијата треба да изнесува околу 1,2 милиони евра.

Прашањето што се поставува е каде Рајо Ваљекано ќе ги игра натпреварите, на кои треба да е домаќин. Дали клубот ќе реши натпреварите на кои треба да е домаќин да ги игра на гостински терен, па во вториот дел од сезоната тие да се играат на „Ваљекас“, или ќе бара алтернативен стадион.

Scroll to Top