Top Sport

Стротман: Нзонзи не е причината што ја напуштив Рома

Холандскиот репрезентативец, Кевин Стротман (28), ги откри причините поради кои решил по пет години да ја напушти Рома. Стротамн во финишот на преодниот рок, за сума од 28 милиони евра, се пресели во Марсеј, кај својот поранешен тренер Руди Гарсија.

„Разговарав со тренерот, претседателот и спортскиот директор, сите ми рекоа дека сакаат да ме видат во тимот. Ја прифатив понудата, ми се допадна проектот и дојдов да му помогнам на Марсеј да ги оствари поставените цели“, рекол Стротман.

Холанѓанецот реши да ја напупшти Рома неколку дена пред во клубот да пристигне Стивен Нзонзи од Севилја. Тој за француските медиуми ги негира шпекулациите дека токму поради Нзонзи решил да ја прифати понудата од Марсеј.

„Не заминав затоа што тој дојде во клубот. Нормално е секој клуб да носи засилувања. Рома ова лето донесе многу играчи. Тоа е голем клуб и патот по кој се движи е правилен. Конкуренцијата во еден тим е нормална работа, но јас заминав бидејќи проценив дека е вистинскито време да ја напуштам Рома“, дополнил Стротман.

Scroll to Top