НБА лигата ги објави најдобрите петорки за регуларниот дел од сезоната 2022/2023. Актуелниот МВП, Џоел Ембид ја предводи првата, а негивот опонент Никола Јокиќ втората најдобра петорка во лигата. Во третата најдобра петорка има двајца играчи на најпријатното изненадување оваа сезона, Сакраменто Кингс.
Во првата петорка покрак центарот на Филалделфија, Џоал Ембид се и Лука Дончиќ (Далас), Џејсон Тејтум (Бостон), Јанис Антетокунмпо (Милвоки) и Шаи Гиџис Александер (Оклахома).
Заедно со Јокиќ во втората петорка се и Стеф Кари (Голден Стејт), Џими Батлер (Мајами), Џејлен Браун (Бостон) и Донован Мичел (Кливленд).
Во третата петорка се Дерон Фокс (Сакраменто), Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс), Демијан Лилард (Портланд), Џулиус Рендл (Њујорк) и Дамантас Сабонис (Сакраменто).