Јан Облак (30) три недели се мачи со повреда и последен пат играше за Атлетико Мадрид на 23 април во поразот од Барселона со 1:0. Како сега стојат работите Облак нема да брани до крајот на сезоната. Во негово отсуство прв голман е Хрватот, Иво Грбич.
Облак има проблем со ‘рбетот, а лекарите на клубот засега немаат решение за него. Најверојатно ќе мора да биде опериран.
Шпанците пишуваат дека Облак сепак ќе го пропушти остатокот од сезоната, што значи дека прв голман на мадридскиот клуб ќе биде хрватскиот репрезентативец Иво Грбиќ (27).
Облак во наредните денови ќе се посвети на одење кај физиотерапевти за да избегне операција, па „АС“ пишува дека ова е голем тест за хрватскиот голман Грбиќ.
„Хрватот бранеше на последните три натпревари и сега има уште пет можности да блесне. Улогите на двајцата голмани се повеќе од јасни, но Грбиќ сега има околу еден месец да ја докаже својата вредност.
Има осум настапи оваа сезона, а ќе има уште пет бидејќи стручниот штаб му верува. Грбиќ на 27 години повеќе не сака само да седи на клупата и некои добри партии на овие натпревари би можеле да му отворат повеќе можности“.
Од друга страна, неговиот договор со Атлетико истекува во 2024 година, па време е да се донесе одлука. Дополнително, во Хрватска му рекоа дека, се додека нема континуитет, ќе биде тешко да добие повик од селекторот Златко Далиќ. Јасно е дека Облак е прв голман на Атлетико, Хрватот ги нема бројките како Облак кого го смета за свој идол“, пишува „АС“
Грбиќ, на пример, се уште не ја сочувал мрежата на натпреварите во кои стартуваше. Облак прима гол на секои 112,7 минути, а Грбиќ на 70,9 минути. Облак има 72,8 отсто одбрани, а Грбиќ е на 65,2.