Донесен како големо засилување, за 58 милиони евра од Лидс јунајтед, Бразиелцот Рафиња не ги исполни очекувањата во Барселона. Тренерот Чави од него очекуваше повеќе и покрај тоа што на 45 натпревари, Рафиња постигна 10 гола и забежа 11 асистенции.
Медиумите тврдат дека тој заедно со Ансу Фати и Феран Торес ќе го напушти клубот во летниот преоден рок. Од трансферите на овое тројца Барселона може да заработи, а потоа да го финансира враќањето на Лионел Меси.
Наводно Рафиња ќе се врати во Премиер лигата. Се шпекулира дека Њукасл и Челси понудиле 80 милиони евра за неговите услуги.
Сепак, ваквите гласини за трансфер го налутија Рафиња до тој степен што тој ги демантираше тие пишувања на својот Инстаграм.
„Лага, лага! Кој го кажал ова е лажго, неупатен и непрофесионален“, напиша тој.