Top Sport

Анчелоти го навлече гневот на неколку клуба – Реал со кобиниран тим против Хетафе

Карло Анчелоти, со комбиниран тим ќе настапи во првнествениот дуел против Хетафе. Потегот е логичен, бидејќи Анчелоти сака да ги одмори главните играчи за реваншот против Манчестер сити.

Реал нема да ја одбрани титула во Шпанија, а како сега стојат работите нема ниту да се бори за второто место, а во исто време не го интересираат ниту тимовите кои заедно со Хетафе водат жестока борба за опстанок во Примера.

Потегот на тренерот е очекуван, по 1:1 во Мадрид, треба да се одморат главните играчи за реваншот во среда на „Етихад“ во Манчестер.

„Клубовите кои се борат за опастанока нема да бидат среќни што Реал ќе истрча со поинаков состав против Хетафе. Ова ги зголемува шансите на Хетафе, кој и самиот е во зоната за испаѓање, а ќе ги погоди оние кои претходно пресметаа дека Реал нема да испушти бодови против овој ривал. Тие тимови се Еспањол, Валенсија, Ваљадолид…“, пишува „Марка“.

„Очигледно е дека Анчелоти максимално ќе ротира за саботниот натпревар. Тој нема да ризикува некој да се повреди. Тоа најмногу се однесува за Карим Бензема, Винисиус, Лука Модриќ и Тони Крос, играчи кои недопирливи за реваншот против Сити следната среда“, пишува „Марка“ во својот текст.

Вака изгледа долниот дел на табелата во Примера на пет кола до крајот на сезоната.

Хетафе ќе му гостува на Реал во сабота од 21 часот. Од оние кои се борат за опстанок, Кадиз гостува кај Мајорка во петок, Алмерија исто така игра на гостински терен, во сабота кај Осасуна, Еспањол во недела ќе ја пречека Барселона, кога Ваљадолид ќе биде домаќин ан Севилја, а Валенсија ќе гостува во Виго кај Селта.

Scroll to Top