Top Sport

ЖРК Металург го откажа настапот во Купот на Македонија

Бранителките на трофејот во Купот на Македонија,ЖРК Металург, нема да настапи на завршниот турнир кој ќе започне утре во Охрид.

ЖРК Металург се повлече од Купот поради штрајкот на ракометарките за неисплатени плати.

Поради штрајкот ЖРК Металург не го одигра натпреварот против Чаир, а исто така нема да патува и во Битола на дуелот со Пелистер во последното коло, во Суперлигата.

Откажувањето на ЖРК Металург значи дека директен пласман во финалето изборија ракометарките на Куманово. За второто место во финалето ќе се борат ЖРК Ѓорче Петров и ЖРК Вардар.

Фото/ facebook.com/ZrkMetalurg

Scroll to Top