Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон вели дека не сфаќа зошто неговиот поранешен клуб, Јувентус се соочува со казна со поени и граѓанска тужба околу вештачкото зголемување на вредноста на нивните трансфери, бидејќи тоа е нешто што секој клуб на светот го прави.
Јуве првично добија казна од 15 поени за вештачко договарање на високи трансфери со други клубови, посебно кога се работи за трампа на играчи, за така да прикажат дека имале повисок приход. Буфон, кој уште е активен со Парма, вели ситуацијата е необична.
„Искрено, многу сум изненаден, иако имам само површно познавање на ситуцијата. Не сакам да навлегувам за да не кажам нешто глупаво, но тоа изгледа како основна работа. Мислам дека речиси сите клубови работат така. Не ее ддо мене да судам дали треба да има казна“, вели Буфон.
Интересно, првичната истрага опфаќаше 11 клубови, вклучувајќи ги Наполи и Сампдорија, но само Јувентус беа казнети поради достапноста на доказите, односно прислушкуваните телефонски разговори на директорите на клубот. Казната од 15 поени привремено е повлечена, но конечната одлука ќе се донесе на 22 мај.