Top Sport

Мбапе му се налути на „Л’Екип“: Доста ме ставате во вашите салати

Килијан Мбапе се налути на францускиот спортски весник „Л’Екип“, кој тврдеше дека тој помогнал дел од француските репрезентативци да не штрајкуваат околу постот за Рамазан, порачувајќи им да го држат подалеку од нивните „салати“.

Според „Л’Екип“, Мбапе ги убедил своите соиграчи кои се муслимани да се откажат од штрајкот, иако дури и тие кои не припаѓаат на оваа вера биле подготвени да ги подржат и да не тренираат заедно со нив. Тие тврдат дека тоа бил првиот потег на Мбапе како новопрогласен капитен на „триколорите“.

Мбапе бргу реагираше.

„Избегнувајте го моето име во вашите салати и проверете си ги изворите. Пријатна вечер“, напиша Мбапе.

Scroll to Top