Top Sport

Челси ќе му дозволат на Тијаго Силва да се врати во Флуминенсе

Челси ќе му дозволат на Тијаго Силва да се враати во својот стар бразилски клуб, Флуминенсе, иако во февруари го продолжи договорот до 2024 година, тврди „Телеграф“.

38-годишниот ветеран не е на листата на играчи кои ќе бидат на пазарот во летниот преоден рок, но по враќањето на Ливај Колвил од позајмицата од Брајтон, клубот ќе му дозволи да си замине од Лондон. Претседателот на Флуминенсе, Марио Битенкор веќе почнал да преговара со Бразилецот.

Тијаго Силва стана ѕвезда во Флуминенсе откако по трансферот во Динамо Москва фати туберколоза. Потоа, тој замина во Милан, па во Пари Сен-Жермен, пред да пристигне во Челси во 2020.

Scroll to Top