Сергеј Милинковиќ-Савиќ постигна гол во 95. минута за да ги спаси Лацио од домашен пораз од Лече, израмнувајќи на 2:2 со важен поен во борбата за топ 4 пласман.
Гостите имаа шанса да стигнат до водство 23. минута кога беше досуден пенал, но Габриел Стрефеца не беше прецизен, по што домаќините дојдоа во водство преку Чиро Имобиле во 34. минута. Лече успеа да израмни преку Реми Удин во финишот на полувремето, по што Французинот во 51. минута ги донесе гостите во водство.
Српскиот репрезентативец израмни во 95. минута под една мешаница пред голот на гостите, во кој одбраната и голманот едноставно потфрлија.
GOAL | Lazio 2-2 Lecce | Milinkovic-Savicpic.twitter.com/87ugQq5HOU
— VAR Tático (@vartatico) May 12, 2023