Кошаркарот на Барселона, Јан Весели го напушти натпреварот на каталонскиот клуб против Обрадоиро во АЦБ лигата поради повреда на грбот и е под знак прашалник за учество на Фајнл-фор турнирот, кој започнува следниот петок во Каунас.
Весели на теренот мина само три минути и 21 секунда, по што го напушти теренот, а клубот излезе со соопштение во кое потврди дека Чехот заработил повреда на грбот.
Засега нема официјални информации за потенцијалната пауза, но прашање е дали ќе биде подготвен до петок и натпреварот против Реал на завршниот турнир.
Барселона лесно го победи Обрадоиро (94:77) на патот кон Каунас, а најдобар играч кај „блауграна“ беше Никола Миротиќ со 27 поени.