Францускиот дефанзивец, Жан Клер Тодибо ќе ја напушти Ница во летниот преоден рок. Неколку клубови од Премиер лигата се заинтересирани за 23. годишникотрамбени играчи во Лига 1.
Најголем интерес за неговите услуги моментално покажуваат Њукасл, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
„Трансфермаркт“, го проценува Тодибо на 30 милиони евра, но бидејќи договорот со Ница го обврзува за уште четири години, клубот за него бара не помалку од 45 милиони евра.
Тодибо пристигна во Ница по заминувањето од Барселона, која може значително да профитира од неговата продажба, бидејќи Каталонците го задржаа правото на 20 отсто од идниот трансфер. Да потсетиме дека Барселона го донесе како 19. годишник од Тулуз.
За „блауграната“ забележа само пет настапи и замина на позајмица во Бенфика, Шалке и на крајот во Ница, која по позајмицата го купи за само осум милиони евра, што се покажа како одлична инвестиција бидејќи Тодибо сега вреди пет пати повеќе.