Top Sport

Атлетико Паранаенсе ги раскина договорите со двајца играчи поради местење натпревари

Минатогодишниот финалист на Копа Либертадорес, бразилскиот фудбалски клуб Атлетико Паранаенсе, отпушти двајца играчи поради нивната вмешаност во скандал со обложување.

Еквадорецот Брајан Гарсија и локалниот играч Педрињо во замена за одреден хонорар се „погрижија“ на натпреварите да поминат одредени високи коефициенти кои на другите вмешани во сканалот им обезбедувале големи добивки во обложувалниците.

„Интегритетот и етиката се големи вредности на Атлетико Паранаенсе. Затоа, сите во клубот се обврзани да се погрижат богатата фудбалска традиција во Бразил да продолжи на легален начин“, соопштија од клубот.

Во последниве денови, осум играчи од различни клубови од бразилската Серија А беа суспендирани поради нивна вмешаност во местење натпревари со намерно добивање жолти или црвени картони, правење прекршоци за пенали или поправање на точниот број на корнери.

Scroll to Top