Top Sport

Ливаковиќ се договорил со Фенербахче

Првиот голман на Динамо и на хрватската репрезентација, Доминик Ливаковиќ, кариерата ќе ја продолжи во Турција. „343 Дигитал“, тврди дека трансферот во Фенербахче е веќе договорен. Ливаковиќ (28) има договор со Динамо до летото 2024 година.

Според Турците, Ливаковиќ во Динамо заработува 780 илјади евра годишно, додека Фенербахче му понудил милион.

Турските медиуми тврдат дека трансферот бил договорен по состанокот на менаџерот на Ливаковиќ и претставниците на клубот. Нема информации колкава отштета би можел да плати Фенербахче, но претходно беше познато дека Ливаковиќ во договорот има клаузула според која може да го напушти клубот за 10 милиони евра.

Ливаковиќ е играч на Динамо од 2015 година, а со него освои шест титули во Хрватска и забележа неколку настапи за паметење во Лигата на шампионите. Со одличен настап на Мундијалот го зацементира местото како прв голман во националниот тим.

Scroll to Top