Јувентус можеби ќе мора да го продаде „фрустрираниот“ Душан Влаховиќ доколку следната сезона не игра во Лигата на шампионите, пишува „Газета дело спорт“.
Јувентус на четири кола до крајот на сезоната се втори на табелата, но чека исход од две судења. Најавите се дека на „Старата дама “ ќе и бидат одземени девет бода. Исто така постои ризик УЕФА да го суспендира Јувентус од европските купови.
Душан Влаховиќ се мачи со формата оваа сезона, 13 гола на 39 натпревари во сите натпреварувања, а беше видно фрустриран откако беше заменет во полуфиналето на Лигата на Европа со Севиља (1:1).
Според „Газета дело спорт“, за 23. годишниот напаѓач се заинтересирани Баерн Минхен, Челзи, Њукасл и Манчестер Јунајтед. Цената би била помеѓу 60 и 70 милиони евра.
Влаховиќ има договор со Јувентус до јуни 2026 година.