Фудбалерите на Милан го губат чекорот и борбата за пласман во Топ 4. Специја го доби Милан со 2:0 во 35. коло во Серија А и со тоа освои склучително важни бодови во борбата за опстанок.
Интер има можност со евентуална победа над Сасуоло да стекне пет бода предност во однос на градскиот ривал.
Двајцата тренери имаа големи проблеми со повредени играчи, Специја беше без осуммина, а Милан играше без Златан Ибрахимовиќ, Исмаил Бенасер, Раде Круниќ, Рафаел Леао, Флоренци и Тијо поради акумулираните картони.
Во такви околности домаќините подобро се снајдоа.
Првата шанса ја имаше Милан, во седмата минута Сандро Тонали. Милан можеше да постигне гол во 25. минута кога се истакна голманот Бартоломеј Драговски.
На семафорот долго време стоеше 0:0, се до 75. минута кога Пшемислав Вишњевски одлично реагираше откако топката се одби од стативата. Точка на натпреварот десет минути подцна стави Салваторе Еспосито. Од слободен удар од 20 метри извонредно шутираше преку живиот ѕид и погоди за конечни 2:0.
Милан во следното коло на 20 мај ја пречекува Сампдорија, а ден подоцна Специја гостува кај Лече.