Top Sport

(Видео) Виљареал „пукна петарда“ во мрежата на Билбао

Фудбалерите на Виљареал убедливо го победија Атлетик Билбао на домашен терен 5:1 во 34.коло од Ла Лига.

На хартија ова беше дуел на екипи кои се борат за место во Европа, но Кике Сетиен му одржа лекција на Ернесто Валверде. Виљареал на петтото место има 57 бода, пет помалку од Реал Сосиедад кој го држи местото кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите.

Атлетик подобро го отвори мечот, а откако браќата Вилијамс промашија по една „мртва“ шанса, Виљареал сурово ги казни. Во 24. минута Баена погоди за 1:0, а во 37. минута Џексон со својот прв гол на натпреварот го удвои водството на домашните.

Билбао само кратко се врати во натпреварот, во судиското надополнување на првото полувреме Сансет од пенал намали на 2:1.

Во продолжение Виљареал ги надигра Баскијците, во 50. минута Џексон погоди за 3:1, а кога Паредес си постигна автогол во 61. минута, се беше готово.

Сансет потоа имаше две шанси, но не успеа да го врати Билбао во мечот.

Напротив, Баена во судиското надополнување постигна гол за убедливи и конечни 5:1.

Scroll to Top