Фудбалерите на Милан, како што сега стојат работите, ќе имаат кошмарен финиш на сезоната.
По поразот од Интер во полуфиналето на Лигата на шампионите (2:0), „росонерите“ беа надиграни и поразени и на гостувањето кај Специја. И овој натпревар го загубија со 2:0.
Овој пораз може скапо да ги чини, односно да останат без место во Лигата на шампионите во следната сезона. Сега имаат два бода помалку и натпревар повеќе од градскиот ривал Интер.
По поразот на стадионот во Специја група навивачи на Милан, кои отпатуваа на овој меч, разговараа со Стефано Пиоли и неговите играчи.
Пиоли и играчите цели две минути го слушаа водачот на навивачите како им „држи лекција“, а потоа Пиоли им се обрати на новинарите.
„Не стимулираа, не тераат да дадеме се до крај. Овој пораз ни ја комплицира позицијата во лигата, а во вторник имаме тежок натпревар, се надеваме на пресврт против Интер“, вели Пиоли.
Два порази за само неколку дена, а формата на тимот оди по надолна линија.
„Одигравме добро во првото полувреме, но се распаднавме по нивниот водечки гол. Во секој случај, играта беше под нашите можности. Јасно е дека заморот по Лигата на шампионите одигра значајна улога. Сепак, мора да веруваме, знаеме дека можеме да одиграме добро и да ја свртиме ситуацијата во вторник во наша корист. Резултатот од првиот натпревар не ни дава предност, но мора да веруваме“, заврши Пиоли.
🗣 #Pioli to #DAZN on what the fans said: "They spurred us on and stimulated us to all give our best. pic.twitter.com/COhd4RTaHR
— Milan Posts (@MilanPosts) May 13, 2023