Top Sport

(Видео) Уште има „осет“ – Чави со „кошаркарски“ трик на тренинг

Како еден од најдобрите играчи од средниот ред во неговата генерација, 43-годишниот тренер на Барселона, Чави Ернандез, покажаа дека уште има „осет“ за топка, откако на тренинг на каталонскиот клуб, постигна фантастичен кош со нога на тренинг.

Иако беше познат како екстремно прецизен играч, ова беше потсетување на тоа колку умешен беше Чави.

Барселона денеска може да стане шпански шампион, за што им треба победа над градските ривали Еспањол. Прославата може да почне и пред мечот, доколку Атлетико Мадрид загуби од Реал Сосиедад попладнево.

Scroll to Top