Бернардо Силва не верува дека неговиот соиграч од Манчестер сити, Ерлинг Халанд може да ја освои „Златната топка“ оваа година покрај Лионел Меси и освојувањето на светската титула со Аргентина.
Халанд блеска во својата прва сезона во Англија, со вкупно 51 гол во 47 меча во сите натпреварувања со тимот на Пеп Гвардиола, но Силва вели дека нема шанси да го победи Меси, освен ако не ја освојат титулата од Премиерлигата и Лигата на шмпиони.
„Ако Халанд ја освои Лигата на шампиони и Премиерлигата, тогаш ќе може да се разговара за ‘Балон д’Ор’, но исто така можете да зборуваате и за Винисиус Жуниор ако Мадрид станат шампиони. Во основа ќе биде битка помеѓу освојувачот на Лиата на шампиони и Меси, и мислам дека засега никој нема шанси со Меси“, вели Силва.
Меси постигна 20 гола во 38 меча за ПСЖ оваа сезона, додавајќи 19 асистенции, но најголемиот успех е освојувањето на третата светска титула за Аргентина во Катар, каде што постигна седум гола за да стане најдобар стрелец на шампионатот.