Top Sport

(Видео) Јуве го мина Кремонезе, Погба со нова повреда

Јувентус стигна до 2:0 победа над Кремонезе за да се зацврсти на второто место на табелата (барем додека не се реши дали ќе им бидат одземени поени), но мечот остави горчлив вкус кај фановите, по новата повреда на Пол Погба во неговиот прв старт за Јуве по враќањето од Манчестер јунајтед.

Погба мораше да излезе од игра по 22 минути по мускулна повреда, откако тренерот Макс Алегри реши да му даде шанса да биде стартер. Јуве чекаа за гол до 55. минута кога Федерико Киеза му асистираше на Ниоло Фаџоли, за трите поени да бидат потврдени во 79. минута со голот на Бразилецот Бремер.

Јуве е втор со 69 поени, три повеќе од Интер, четири пред Лацио и осум пред Милан, но според италијанските медиуми на 22 мај најверојатно ќе им биде вратена казната од 9 или 15 поени, со што ќе испаднат од позицијата која води во ЛШ. Кремонезе пак, сега има само математички шанси за опстанок – на три кола пред крајот имаат 24 поени, шест помалку од 17-пласираната Верона.

Scroll to Top