Барселона го декласираше градскиот ривал Еспањол со 2:4, така праќајќи го многу блиску до втората лига и уште поважно освојувајќи ја својата прва титула во Ла лига од 2019 година и вкупно 27. во историјата на каталонскиот клуб.
Со ова се потврдува „препородот“ на клубот под Чави Ернандез, кој го освојува својот прв лигашки трофеј како тренер по блескавата кариера како фудбалер на клубот, и доаѓа во моменти на голема неизвесност во клубот поради финансиските проблеми и заканите со казни околу скандалот „Негреира“.
На „РЦДЕ“ стадионот, пред непријателски расположена публика, на Барса и беа потребни само 11. минути да стигнат до водство, преку Роберт Левандовски, за само девет минути подоцна Алехандро Балде да зголеми на 0:2. Шампањското веќе се ладеше кога во 40. минута, Левандовски со својот втор гол зголеми на 0:3, за Жил Кунде во 53. минута да ја обезбеди „четворката“. Хави Пуадо во 75. минута постигна утешителен гол за Еспањол, за во 91. минута од мечот да дадат уште еден гол по забуната во одбраната на Барса.
Додека за фановите на Барса ова е прв чекор кон враќање на славните денови, за Еспањол ова може да е прв чекор кон враќање во втората лига. На четири кола пред крајот, тие остануваат на претпоследното место на табелата со 31 поен, четири зад Реал Валјадолид на првото „безбедно“ место.