Top Sport

Милер демантира дека го напушта Баерн

Фудбалерот на Баерн Томас Милер демантираше дека сака да го напушти клубот на крајот на сезоната, пренесуваат германските медиуми.

Пред неколку дена „Билд“, објави дека Милер сака да си замине од Баерн на крајот на сезоната и дека германскиот репрезентативец дури размислува да стави крај на својата кариера.

„Не ми се допаѓа кога новинарите пишуваат работи што мислат дека ги мислам. Тоа се само приказни и шпекулации, немаат врска со вистината. Моето срце е црвено. Всушност, сите имаме црвено срце. Моето е само малку поцрвено. Какви преговори за заминување? Ние сме во екот на борбата за титулата во Бундеслигата“, изјави Милер.

Ветеранот откри дека во пресметката помеѓу Реал и Манчестер сити, во Лигата на шампионите, навива за Реал поради својот пријател Давид Алаба.

Милер (33) е член на Баерн од 2000 година. За клубот од Минхен одигра 664 натпревари и постигна 235 голови. Со Баерн освои 31 трофеј.

На две кола пред крајот на шампионатот во Бундеслигата, Баерн е на првото место на табелата со бод повеќе од Борусија Дортмунд.

Scroll to Top