Минатиот викенд Барселона по 27. пат во својата историја и првпат по четири години стана шампион на Шпанија. Каталонците математички ја потврдија шампионската титула со победата на гости од 4:2 во градското дерби кај Еспањол на четири кола пред крајот на Ла Лига. Второпласираниот Реал заостанува недостижни 14 бода.
Веднаш по потврдувањето на титулата, навивачите на Барселона излегоа на улиците и почнаа да слават. Во текот на вчерашниот ден низ улиците на Барселона се движеше автобус со машката и женската екипа на Барселона, а околу него се собраа навивачи да ги пречекаат своите херои и да ги поздрават со песни и аплаузи.
Во еден момент, на една од локациите каде се славеше титулата, почна да се скандира против за Винисиус Жуниор, крилниот напаѓач на Реал, моментално најдобриот играч на најголемиот ривал на Барса.
Навивачите на Барселона скандираа „Винисиус, умри“, а видеото брзо стана вирално на Твитер поради бројот на луѓе кои го осудија чинот.
“Vinicius muérete”, cantaban anoche en Canaletas #RealMadrid pic.twitter.com/e8WX7eXhpF
— Adrián Sánchez Berger (@sanchezberger) May 15, 2023