Top Sport

Кардиф oдбива да ja плати отштетата за Сала и го тужи Нант за 100 милиони евра

Фудбалскиот клуб од Велс, Кардиф Сити, поднесе тужба против Нант пред Стопанскиот суд, барајќи отштета од 100 милиони евра по смртта на аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала во 2019 година.

Адвокатите на ФК Нант Џером Марсаудон и Луис-Мари Абсил, за АФП потврдиле дека Кардиф поднел тужба со која бара 100 милиони евра.

„Откако Кардиф беше одбиен од ФИФА, Судот за спортска арбитража во Лозана и Швајцарскиот федерален суд, Кардиф отвора нов апсурден правен фронт“, изјавиле адвокатите.

Кардиф тврди дека Нант мора да биде одговорен за несреќата за која велат дека е „организирана од нивни менџер“.

„Кардиф сака да го врати она што го го плати за Емилијано и сака да добие дополнителна компензација за натамошни последователни загуби“, пишуваат британските медиуми повикувајќи се на клупско соопштение.

За потсетување, Емилајно Сала загина во јануари 2019 година во авионска несреќа над Ла Манш додека патуваше од Нант во својот нов клуб Кардиф Сити. Дури две недели подоцна, неговото тело беше идентификувано во остатоците од авионот.

Велшаните тврдеа дека 28. годишниот Сала официјално не бил нивни играч кога загинал и одби да плати отштета од околу 15 милиони евра.

ФИФА потоа го казни Кардиф со забрана за трансфери во следните три преодни рока, по што клубот поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана (CAS). Тричлениот панел на CAS ја сослуша жалбата во Лозана кон крајот на минатата година и одлучи дека Кардиф Сити мора да плати оштета.

Scroll to Top