Каролина Мучова од Чешка, 202. на ВТА листата, во второто коло на Флешинг Медоуз го забележа најдобриот резултат во кариерата откако успеа да ја елиминира Гарбиње Мугуруза.
Мучова успеа да ја совлада поранешната шампионка на Вимблдон во три сета, иако Шпанката беше таа која го доби првиот сет. Тенисерката од Чешка славеше со 3:6, 6:4, 6:4.
Мугуруза беше поставена за 12.носителка во Њујорк и нејзината елиминација е најголемото изненадување на турнирот, по сензацијата во првото коло кога беше елиминирана Симона Халеп.
Во второто коло на терените во Њујорк се појавија и сестрите Вилијамс. Двете забележаа победи и закажаа меѓусебен дуел во третото коло.
Постарата Венус со 6:4, 7:5 ја победи Италијанката Камила Џорџи, додека Серена ја победи германката Карине Витефт со 6:2, 6:2.