Викендов нема да има Ф1 трка на патеката Имола. Ова беше решено пред неколку минути поради лошото време, обилните врнежи од дожд и поплавите во регионот Емилија Ромања.
Делови од патеката се поплавени, бидејќи веќе вчера механичарите кои работат во боксот беа евакуирани од патеката, а денеска добија нова забрана за враќање на патеката.
Одлуката е заедничка, на Формула 1, ФИА и на организаторите на трката во Имола.
The decision has been taken not to proceed with the Grand Prix weekend in Imola#EmiliaRomagnaGP #F1 pic.twitter.com/4taauGnFEA
— Formula 1 (@F1) May 17, 2023