Директорот за фудбал на Барселона, Матеу Алемани се предомисли и нема да замине во Астон вила и ќе остане во каталонскиот клуб, тврдат „ЕСПН“.
60-годишниот Алемани пред две недели објави дека си заминува од „Ноу Камп“ по крајот на летниот преоден рок добивајќи богата понуда од Астон вила. Но, по преговорите со Барселона, тој решил да остане и да продолжи со реогранизацијата на клубот. Спортскиот директор Жорди Кројф, пак, сигурно заминува.
Според „ЕСПН“, останувањето на Алемани не го менува планот за пристигнувањето на поранешниот фудбалер на клубот, Деко, кој ќе работи заедно со Алемани на ангажирањето на нови фудбалери. Деко по пензионирањето работеше како фудбалски агент, а меѓу неговите клиенти е и ѕвездата на Барса, Рафиња.