Top Sport

Артета го сака Жоао Кансело во Арсенал

Арсенал подготвува изненадувачка понуда за дефанзивецот на Манчестер Сити, Жоао Кансело, тврдат медиумите на Островот. Португалецот моментно игра како позајмен во Баерн Минхен, но информациите се дека Томас Тухел не го сака во својот тим и баварскиот клуб нема да ги откупи неговите права.

Пеп Гвардиола исто така не планира да го користи Кансело, па бекот ќе биде ставен на трансфер – листата на клубот.

Артета минатото лето потпиша со двајца играчи на Манчестер Сити, Олександр Зинченко и Габриел Жесус. Сега поранешниот асистент на Гвардиола сака да ја засили одбраната за „топчиите“ за повторно да биде конкурентен во трката за титулата во Премиерлигата.

Клаузулата според која Баерн Минхен може да го купи Жоао Кансело изнесува 70 милиони евра.

Scroll to Top