Бернардо Силва, неочекуваниот „џокер“ на Пеп Гвардиола во доминантната 4:0 победа над Реал Мадрид за место во финалето на Лигата на шампиони со неговите два гола, вели дека е потребно да се направи уште еден чекор против „силните“ Интер, но не го криеше задоволството од блескавата партија.
„Ова е навистина прекрасна ноќ за нас. Знаевме дека ќе биде тешко, но не може да биде попрекрасно од 4:0 победа над ваков Реал Мадрид. Знавме колку се силни, не туркаа до крај, но бевме жилави, страствени и организирани во исто време. На првиот меч во Мадрид немав меч каов што посакував и сакав да го поправам тоаа. Денеска морав да бидам подобар за соиграчите и фановите и успеав во тоа. Можеби сум мал, но добар сум со главата. Ги следев мечевите на Интер, тие изгледаат како силен тим добро организиран во одбраната. Нема да биде лесно, но ќе се обидеме“, вели Силва.