Top Sport

Рекордерот Анчелоти: Пораз се случува во фудбалот, ќе бидам тука да се обидеме и следната година

Карло Анчелоти вечерва го имаше својот 191. меч во Лигата на шампионите, така поминувајќи го рекордот на Сер Алекс Фергусон, меѓутоа Манчестер сити и Пеп Гвардиола му го уништија јубилејот со 4:0 победата и елиминацијата во полуфиналето.

Како и по секоја елиминација на Реал Мадрид, веднаш почна да се зборува за отказ за тренерот, но Италијанецот е сигурен дека ќе го исполни својот договор, ветувајќи нов обид за титулата следната сезона.

„Поразите се случуваат во фудбалот. Сега, можеме да размислиме за следната сезона, да научиме и да бидеме подобри. Лани ги победивме и стигнавме до финалето, оваа година е нивен ред. Иако ова е тежок пораз, треба да бидеме горди на патот до полуфиналето и да сфатиме дека Сити имаат одлична сезона и во Англија, а ние не бевме на 100 отсто и на нашето ниво. Нема ништо ново околу мојата иднина, претседателот беше јасен уште пред 15 дена“, изјави Анчелоти.

Scroll to Top