Top Sport

Лига Европа: Шкендија брка пласман во главната фаза

Фудбалерите на македонскиот шампион, Шкендија, вечерва во реваншот против Розенборг, ќе се обидат да изборат пласман во фазата по групи во Лига Европа. Првиот натпревар, одигран пред една недела, Розенборг го доби со 3:1.

Планот на тренерот на Шкендија, Ќатип Османи е неговите играчи со висок пресинг и офанзивна игра, да вршат константен притисок кон голот на Розенборг. Стратегот на македонскиот првак подготвил стратегија и за евентуалните продолженија и изведувањето на пенали.

Од спротивниот табор се свесни дека се далеку од пласман во главната фаза и покрај тоа што имаат предност од два гола. Според најавите на тренерот на Розенбирг, Руни Кулен, неговиот тим ќе игра „мудро и нема да се брани“. Теренот во Скопје им е добро познат на норвешките играчи, бидејќи минатата сезона играа против Вардар во фазата по групи во Лига Европа. Натпреварот заврши со резултат 1:1.

Дуелот на „Филип Втори“, стадионот во Скопје ќе започне во 20:15 часот.

Last session ahead of tomorrow's clash with Rosenborg

Kuqezinjtë kanë zhvilluar stërvitjen e fundit para përballjes historike me Rosenborg Ballklub Interesim i madh për të qenë pranë historisë ?Siguroni⚡️ BILETAT?️ tuaja në kohë për të shmangur rëmujën në hyrje të stadiumit? Shkëndija FANSHOP , Tetovë ? Monaco Tobaco , Tetovë ? Vona 5, afër Gjygjit në Gostivar ? Jugoton, Shkup? ? http://bit.ly/2OWBCgG

Posted by KF Shkëndija on Среда, 29 август 2018

Scroll to Top