Top Sport

Вардарци добиваат милион денари од Општина Кисела Вода во пресрет на баражот со ФК Скопје

Фудбалерите на Вардар ќе добијат финансиска помош од милион денари во пресрет на бараж натреварот против ФК Скопје в недела во Кавадарци. Финансиска инјекција доаѓа од Општина Кисела Вода, а средствата директно треба да бидат префрлени на сметките на фудбалерите и на членовите на стручниот штаб, како мотивација во пресрет на решавачкиот меч за враќање во Првата фудбалска лига.

Јавна тајна е дека фудбалерите на Вардар речиси цела сезона играа без редовни плати, а на крајот го освоија третото место на табелата во Втората лига, кое им донесе бараж против ФК Скопје за влез во елитата.

Според најавите, локалната самоуправа во Кисела Вода можеби ќе застане зад клубот во тешките моменти кога ФК Вардар се бори за егзистенција.

 

Scroll to Top