Top Sport

Тринкиери: Имавме среќа што не играше Антиќ

Бамберг ја совлада Црвена звезда во Белград 75:69 во рамките на четвртото коло во кошаркарската Евролига. Како важен фактор за триумфот на неговиот тим, тренерот на германскиот првак Андреа Тринкиери, го истакна неиграњето на Перо Антиќ.

„Ниту едена екипа во овој момент не е подготвена да одигра на ниво на кое може да игра, поради тоа има многу осцилации. Ние и Звезда го имаме истиот моментум. Имавме многу среќа што не играше Перо Антиќ, тој е искусен играч, знае како да се постави кога прави блок и уште многу други работи. Ја искористивме таа предност“, рекол Италијанецот на клупата на германскиот првак.

Scroll to Top