Top Sport

(Видео) Со луда историска четвртина, Олимпијакос го декласираше Монако за финале

Олимпијакос е првиот финалист на Евролигата, откако во фантастичен меч со многу пресврти им дозволија на Монако само два поени во третата четвртина за 76:62 (14:20, 15:21, 27:2, 20:19) победа во првиот меч од Фајнал фор турнирот во Каунас, Литванија.

Во големото финале, грчкиот тим го чека подобриот од кошаркарското „Ел класико“, дуелот на Реал Мадрид и Барселона, кој почнува во 20 часот.

Монако на Саша Обрадовиќ имаа далеку подобро прво полувреме, по кое водеа со 41:29, но потоа во неверојатната трета четвртина не само што постигнаа 27 поени, туку ги оставија и Монако на само два поени, што е најмал број на поени постигнат во една четвртина во историјата на Ф4 турнирите на Евролигата. По ваква четвртина, Монако не успеа да се врати во финишот на мечот, за својот прв настап на Ф4 турнирите да го заврши во полуфиналето.

Саша Везенков беше најефикасен за Олимпијако со 19 поени, Костас Папаниколау додаде 15, а Мустафа Фал заврши со 12. За Монако, по 17 поени имаа Обоко и Џејмс, а 11 уфрли Џордан Лојд.

Scroll to Top