Нолси, постар навивач на Вест Хем е херојот на денот во Англија. Тој го привлече вниманието на медиумите откако херојски спречи хулигански напад врз „цивили“, обични гледачи, како и семејства на играчите на Вест Хем на стадионот во Алкмар.
Откако Вест Хем победи со 1:0 во реваншот од полуфиналето на Конференциската лига против АЗ и со тоа се пласираше во финалето со вкупни 3:1, неговите играчи го прославија историскиот успех на теренот.
Но, тогаш тие забележаа дека хулиганите на АЗ ја прескокнаа оградата на нивната трибина во обид да дојдат до навивачите на Вест Хем на другиот крај од стадионот се упатија кон ложата и ги нападнаа семејствата на гостинските играчи.
AZ fans storming the gates to get to the West Ham fans 🏴🇳🇱👊pic.twitter.com/yzsogkVkee
— Football Fights (@footbalIfights) May 18, 2023
Полицијата и стјуардите реагираа бавно, па гневните играчи на Вест Хем почнаа да се организираат. На снимката може да се видат Мајкл Антонио и Флин Даунс како прескокнуваат билборди и се тепаат со стјуардите со цел да влезат на трибината и да ги спасат семејствата од хулиганите.
Тогаш на трибината се појави Нолси, кој застана пред хулиганската орда. На врвот од скалите што водат до трибината, тој застана пред хулиганите и започна да ги соборува со тупаници. Оваа негова рекација спречи инцидентот да добие уште посериозни последици.
West Ham fan "Knollsy" protecting the family stand and fending off AZ ultras
pic.twitter.com/C7XoXlxBBa— West Ham Central (@WestHam_Central) May 19, 2023
Набрзо пристигна и засилувањето кое го одби нападот на Холанѓаните, а штом на социјалните мрежи беа објавени фотографии од импресивниот настап на големиот и постар навивач на Вест Хем, многу фанови веднаш го препознаа:
„Па, тоа е Нолси, легенда на англиските трибини уште од 80. години! Човекот што живее за Вест Хем!“
Се огласија и оние кои беа во непосредна близина на хаосот и сведочеа дека Нолси од напад ја спасил девојката на Тило Керхер.
Крис Нол има 58 години, има четири деца, по професија е електричар и се рехабилитира од операцијата за замена на колк. Тој ги поздрави новинарите со модринка на окото и црвени гребаници на лицето и веднаш им рече:
„Секако дека ме удрија, но тоа ми беше намерата. Да ги примам ударите додека не дојде засилувањето. Одбив најмалку четворица, но двајца дојдоа одзади и ме погодија неколку пати во лицето“.
Нолси демантирал дека во малдоста и самиот бил хулиган и дека е само обичен навивач со годишна карта. На гостувањата ретко одел бидејќи неговата сопруга не била среќна кога го прави тоа.
Нолси истакна дека му е жал што нема карта за финалето во Конференциската лига, кое ќе се одигра во Прага.