Манчестер Јунајтед забележа победа во Борнмут со 1:0. Голманот на Јунајтед, Давид Де Хеа, по 16. пат сезонава остана несовладан и остана недопирлив за конкуренцијата.
Сезоната за Манчестер Јунајтед ќе има среќен епилог на крајот.
Избраниците на тренерот Тен Хаг, ќе успеат во обидот да се пласираат во Лигата на шампионите бидејќи победија, а Ливерпул како најсериозен конкурент во таа битка одигра нерешено. На Јунајтед во последното коло му е потребен еден бод за да го осигура четвртото место.
По натпреварот во Борнмут, Давид Де Хеа ја доби наградата „златна ракавица“ од Премиер лигата.
Ова престижно признание значи дека Де Хеа е најуспешниот голман во лигата. Шпанецот 16 пати остана несовладан оваа сезона. Ваков учинок нема ниту еден негов колега во Премиер лигата.
📣 Introducing your @Castrol Golden Glove winner for 2022/23…
Congratulations, @D_DeGea! 🧤 pic.twitter.com/9uHvMwtqZ7
— Premier League (@premierleague) May 20, 2023