Ракометарите на Еурофарм Пелистер по 18 години ја вратија шампионската титула во Битола.
Во претпоследното коло, Еурофарм Пелистер славеше на тешкото гостување во Охрид 28:25, а титулата ја бидејќи Вардар 1961 како гостин кај Тиквеш одигра 32:32. Тиквеш со ова реми си обезбеди настап во европските купови.
Пелистер до победата и шампионската титула во Охрид го предводеа Цветан Кузмановски со девет и Жарко Пешески со пет гола. Кај Охрид се истакна Стефан Дрогиршки со шест гола.
На мечот Тиквеш-Вардар најдобри поединци кај домашниот тим беше Страхиња Симиќ со десет гола, ист број на голови за црвено-црните постигна Дејан Манасков.