Исијага Сила, 29-годишниот лев бек на репрезентацијата на Гвинеја и член на француски Монпеље, на мечот против Нант ја зазеде вообичаена позиција иако непосредно пред тоа дозна дека мајка му починала само неколку часа пред почетокот на средбата.
И покрај тажната вест, Сила истрча на теренот и го одигра целиот натпревар во победата на неговиот тим од 3:0. Но, потоа се скрши и се расплака на теренот, а неговите соиграчи дојдоа да му дадат поддршка и утеха.
Immense love & respect goes out to Montpellier full-back Issiaga Sylla who learned that his mother had passed away before today’s Ligue 1 match with Nantes but chose to play regardless. May she rest in peace. pic.twitter.com/uLlHI2LNOD
— Get French Football News (@GFFN) May 21, 2023