Вардар има водство од 1:0 по само три минути игра на баражот против ФК Скопје за пополнување на Првата лига што се игра на Градскиот стадион во Кавадарци.
Глишиќ изведе слободен удар, Дарио Десниќ шутираше со глава, а одбиената топка во мрежата ја смеси Дарко Размоски.