Борусија Дортмунд не ја пропушти најновата шанса што ја доби од Баерн Минхен за да се искачи на врвот на табелата во Бундеслигата. „Милионерите“ остварија сигурна победа од 0:3 на гости кај Аугсбург и ја презедоа лидерската позиција со 70 бода, два повеќе од Баерн Минхен, во пресрет на последното коло кога дома го пречекуваат Мајнц.
Себастијан Але беше двоен стрелец на овој меч, а триумфот го завери Џулијан Брант со погодокот во судиското продолжение од дуелот.
Аугсбург од 38.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Феликс Удуокаи.