Тренерот на Марсеј, Игор Тудор ќе добие отказ по завршувањето на сезоната, тврди францускиот новинар Бруно Бланзат, кој работи за Франс Блу Прованс. На две кола пред крајот на Лига 1, Марсеј е на третото место со 73 бодови и доколку остане на таа позиција ќе игра квалификации за пласман во Лигата на шампионите. Вториот Ленс му бега пет бода, додека лидер е ПСЖ со 84 поени.
Бланзат истакна, дека на Тудор му пресудил конфликото што го имал со клупската легенда Димитри Паје и Нуно Тавареш. Овие двајца не играа против Лил, овој натпревар Марсеј го загуби со 2:1. Тудор ги остави во Марсеј Паје и Тавареш поради недоволно залагање на тренинзите. Д
а потсетиме, Тудор беше елиминиран во групната фаза од Лигата на шампионите и во Купот на Франција од нисколигашот Анеси, откако сензационално го исфрли ПСЖ.
Во првенството долго време водеше борба со ПСЖ за шампионската титула, но во финишот неговиот тим падна во формата, доживеа два порази во последните пет кола и второто место кое носи директно место во Лигата на шампионите му го препушти на Ленс.
Француските медиуми се сомневаат во точноста на изјавата на Бланзат, меѓу другото затоа што претседателот Пабло Лонгорија претходно јавно го поддржа хрватскиот тренер. Тудор го презеде тимот во летото 2022 година, неговиот договор истекува во 2024 година.