Обвинителот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Џузепе Кине бара Јувентус да добијат 11 поени казна во обновеното судење за вештачко зголемување на вредноста на трансферите за се прикаже прилив на капитал во тимот.
Ова е трето судење за истиот случај на Јуве пред ФИГЦ, по второто судење во кое добија казна од 15 поени кои ја добија, која потоа беше обжалена до федерацијата. Првото судење се случи во мај 2022 и клубот беше ослободен поради недостаток на докази. Неодамнежната жалба на клубот беше успешна и привремено им беше тргната казната од 15 поени.
Кине бара 11 поени казна и осуммесечна суспензија за Павел Недвед, Паоло Гаримберти, Асија Грациоли-Вениер, Кејтлин Мери Хјуз, Даниела Марилуго, Франческо Ронкаљо и Енрико Велано.
Покрај оваа казна, Јувентус исто така се на второ судење пред ФИГЦ околу исплатата „под рака“ на фудбалерите за време на пандемијата на КОВИД, за што можат да добијат и дополнителна казна.