Top Sport

Марцињак по финалето на СП, го доби и финалето на ЛШ

УЕФА потврди дека полскиот судија Шимон Марцињак ќе биде главен судија на финалето на Лигата на шампиони помеѓу Манчестер сити и Интер на 10 јуни во Истанбул, откако претходно и ФИФА имаше огромна доверба во 42-годишниот судија, доделувајќи му го финалето на Светкото првенство во Катар помеѓу Аргентина и Франција во декември 2022.

Марцињак веќе им „донесе среќа“ на Манчестер сити кога беше судија при неверојатниот 4:0 триумф над Реал Мадрид во полуфиналето на ЛШ. Тој исто така им судеше двапати на Интер – на „Ноу Камп“ против Барселона во групната фаза, и во првиот меч од осминафиналето против Порто во март.

Scroll to Top