Вест хем јунајтед се сигурни дека ќе ја добијат посакуваната сума за трансферот на Деклан Рајс, бидејќи очекуваат Манчестер јунајтед да го „украдат“ трансферот на англискиот фудбалер од средниот ред пред Арсенал.
Се очекува капитенот на „чеканите“ да замине на крајот на сезоната за да игра во Лигата на шампионите, и Вест хем се во одлична позиција за преговори со уште две години од неговиот договор и со вредност од 100 милиони фунти. Според англиските медиуми, Арсенал се подготвени да го урнат рекордот на својот клуб со зделка од 92 милиони фунти кога ќе се земат во предвид бонусите, но Вест хем сакаат директна понуда и секако барем 100 милиони фунти, тврди „Дејли мејл“.
Арсенал не се подготвени да дадат таква сума, а во Вест хем очекуваат Манчестер јунајтед да влезат во трката, иако главната цел на Ерик Тен Хаг е напаѓач. За да можат да си го приуштат Рајс и посакуваниот Хери Кејн од Тотенхем, Јунајтед ќе мораат да продаваат играчи, со Антони Марсијал, Дони ван де Бек, Хери Мегваер, Алекс Телес и Антони Еланга како први кандидати за продажба.