Top Sport

Физикела: Само Леклер е на нивото на Макс Ферстапен

Поранешниот Ф1 возач, Џанкарло Физикела смета дека возачот на Ферари, Шарл Леклер е единствениот актуелен возач кој според квалитетите може да се споредува со Макс Ферстапен, оценувајќи дека времето на Луис Хамилтон е завршено и покрај шпекулациите дека Ферари сака да го убеди седумкратниот шампион за трансфер.

Физикела, чиј најдобар резултат во спортот е четвртото место со тимот на Рено во 2006, смета дека возач како Ферстапен се појавува еднаш на 20 години во Ф1.

„Тој е брз на суво, на влажна патека, на квалификации и на трка. Комплетен возач. Ако зборуваме за тоа што го направи на негова возраст, тој е пред сите великани во минатото. Само Шарл Леклер може да се споредува со возач каков што се раѓа еднаш секои 20 години. Тој беше талент од времето кога возеше картинг, дојде во Ф1 на 17 години и веднаш победи на 18 години и 7 месеци. Што можете против тоа? Прво се удираше, правеше некои грешки, а сега речиси никогаш не греши“, вели Физикела во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Scroll to Top