Top Sport

Модриќ е најдобриот според УЕФА, Реал (нормално) доминираше

Хрватскиот ас, Лука Модриќ е прогласен за најдобар фудбалер според УЕФА за минатата сезона, откако прво со Реал Мадрид по третпат ја освои Лигата на шампиони, а потоа со Хрватска стигна до сребрениот медал на Светското првенство во Русија.

Модриќ, покрај оваа награда, беше прогласен за најдобар фудбалер од средниот ред во Лигата на шампионите, со што заедно со уште тројца свои соиграчи од Реал доминираа во изборот на УЕФА.

Серхио Рамос беше прогласен за најдобар дефанзивец во 2017/18, Кејлор Навас ја доби наградата за најдобар голман, додека Кристијано Роналдо ја доби наградата за најдобар напаѓач. Роналдо не беше присутен на доделувањето на наградите, најверојатно да „избегне“ средба со своите поранешни соиграчи.

Scroll to Top