Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски постигна уште еден гол во Саудиската лига, „извлекувајќи“ поен за Ал-Феиха на дуелот со Ал-Раед.
Во 82. минута од мечот, Трајковски го пренасочи ударот на Милан Павков за да извлече 1:1 реми, откако гостите дојдоа во водство во 24. минута со голот на Ѓоковиќ.
Со освоениот поен на две кола пред крајот Ал-Феиха е на 12. место на табелата и уште нема математички обезбедено опстанок во елитата.
شاهد هدف #الفيحاء في مرمى #الرائد سجله ميلان بافكوف pic.twitter.com/pmO2dU8YDt#مع_الفيحاء #دوري_روشن_السعودي
— نادي الفيحاء السعودي (@Alfaihaclub) May 22, 2023