Top Sport

Ливерпул пред договор со Алексис Мекалистер

Ливерпул е на чекор од договор за личните услови со фудбалерот од средниот ред на Брајтон, Аргентинецот Алексис Мекалистер, откако Манчестер сити се повлече од трката, јавува Фабрицио Романо.

Мекалистер имаше значителна улога во аргентинската репрезентација на Светското првенство во Катар, и интересот на тимот на Јирген Клоп трае подолго време. По разочарувачката 2022/23, на Ливерпул му е потребен „ремонт“ на средниот ред и Мекалистер е дел од тој план.

Останува да се види колку пари за Аргентинецот ќе бараат од тимот на Роберто де Ѕерби.

Scroll to Top